Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. За убиствата се осомничени уште четири лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата седница беше пуштен во домашен притвор.

По одлуката на Турција за екстрадиција, преземањето на Палчо ќе треба да се реализира преку канцелариите на Интерпол во рамки на министерствата за внатрешни работи. Двете држави имаат воспоставено соработка за екстрадиција, а имаат и меѓусебен Договор за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети.

Откако ќе биде екстрадиран, Палевски во земјава ќе биде пречекан со судско решение за 30-дневен притвор и ќе биде пренесен во Шутка. Таму веќе се наоѓаат тројца осомничени соизвршители во грабнувањата и свирепите убиства.

Осомничен за помагање во грабнувањето, заедно со нив е и таткото на Вања, кој е осомниечн дека наводно првичните сознанија, на Палевски му давал информации кога девојчето ќе биде само. Тој со последната одлука на Врховниот суд, која ја уважи неговата жалба, за меркат притвор, на 24-ти април замина во куќен притвор и доби мерка на претпазливост.

Вања Ѓорчевска беше киднапирана и убиена заради изнуда на пари, како што тврдеа тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски на 4-ти декември. Нејзиното тело беше пронајдено по седумдневна потрага, ден претходно, на 3-ти декември, во близина на скопското село Бразда.

Истиот ден (3 декември) беше пронајдено и безживотното тело на пензионерот Панче Жежовски од Велес. Според Спасовски, неговото убиство не е поврзано со убиството на Вања, туку неговото возило, кое подоцна беше запалено, било користено за грабнување на Вања.