ФОТО| Пропалестински демонстранти ја заземаа зградата на Универзитетот Колумбија

Пропалестинските демонстранти на Универзитетот Колумбија во вторникот заземаа зграда во кампусот во Њујорк, а администрацијата го ограничи пристапот само на студентите кои живеат таму и на вработените.

Демонстрантите кои го запоседнаа „Хамилтон Хол“ на прозорците истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Интифада“, арапски збор за востание, извести CNN.

Универзитетот објави во раното утринско известување по локално време дека пристапот до кампусот Морнингсајд е ограничен на студентите кои живеат таму и на вработените кои обезбедуваат основни услуги.

Упавата на Универзитетот Колумбија во понеделникот почна да ги суспендира пропалестинските студентски активисти кои одбија да го отстранат протестниот камп во кампусот во Њујорк, откако пропаднаа преговорите за прекин на протестите.

Претседателјата на универзитетската управа, Немат Минуш Шафик, рече дека неколкудневните преговори не успеале да ги убедат демонстрантите да ги отстранат десетиците шатори поставени за да го изразат противењето на израелската војна во Појасот Газа.

Задушувањето на протестот во Колумбија, во центарот на протестите поврзани со Појасот Газа кои ги зафатија колеџските кампуси низ САД во последните неколку седмици, доаѓа откако полицијата на Универзитетот Тексас во Остин уапси десетици студенти кои беа испрскани со бибер-спреј на пропалестинскиот протестен собир.