Конечно Формула 1 во сиот свој сјај. Како што и официјално најавија организаторите на трката на легендарната патека во Нирбургринг, на 11 октомври ќе има и гледачи, и тоа за првпат оваа сезона. Ќе се продаваат 20.000 билети и тоа без контакт. Маските за лицето ќе бидат задoлжителни, а трибините ќе бидат поделени во сектори. Јасно е дека трибините на легендарниот Нирбургринг собираат барем 6-7 пати повеќе гледачи, но време е на коронавирус, добро е што ќе има и толку, 20.000 фанови на “најбрзиот циркус“ на “Ајфел гран прито“.
Да кажеме и тоа дека Формула 1 на оваа патека се враќа по цели седум години, за последен пат се возеше во 2013 година.