
Демократската партија на Србите во Македонија смета дека нападот врз партиско седиште е досега најсерозниот напад врз нивната организација, најсериозна закана за личната безбедност на нивниот претседател Иван Стоиљковиќ како идеолог и носител на нивната политика и застрашувачка закана врз членството и симпатизерите на ДПСМ, се истакнува во партиското соопштение во врска со обивањето на партиското седиште во Скопје.
Од ДПСМ, исто така, наведуваат дека поради серизноста на нападот не реагирале веднаш со соопштение, бидејќи очекувале дека раководството на Министерството за внатрешни работи ќе се огласи.
„Очекуваме дека МВР посеризно ќе се ангажира, ќе се јави, ќе ги посети нашите простории, ќе даде некоја смирувачка изјава или слично, но бидејќи тоа не се случи, а ни претходното обивањето на партиските простори за време на сегашниот, тогаш привремен министер не е разрешено, тогаш индициите се повеќе од јасни и недвосмислени, а МВР сѐ повеќе станува парапартијска полиција“, се истканува во соопштението на водечката партија на Србите во Македонија.
Од ДПСМ, оценуваат и дека МВР заборава, односно намерно го премолчува фактот дека нападот врз седиштето на ДПСМ е исто што и напад врз седиштето на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, со уште една дополнително тешка квалификација, дека станува збор за напад на седиштето на политичка партија на помалата, српската национална заедница во Македонија.
„Не помогнаа тука ни нашите предупредувања упатени до ОБСЕ, за политичкиот ангажман на МВР на теренот во однос на делувањето и активностите на ДПСМ“, потсетуваат од партијата на Иван Стоиљковиќ.
„Демократската партија на Србите во Македонија заради мир во куќата сигурно нема да го развие мазохистичкото чуство на спремност на трпење. На доброто, со добро ќе вратиме!“, порачуваат од ДПСМ.
Непознати сторители изминатата ноќ го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје.
Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.