Раперот Андре Ромел Јанг попознат како Др. Дре е хоспитализиран поради аневризма во мозокот, а крварењето настапило во понеделникот кога е пренесен во болница во Лос Анџелес, објави интернет таблоидот TMZ кој вообичаено прв објавува вести за славните личности.
Педесет ипетгодишниот музичар е хоспитализиран на одделот за интензивна нега во медицинскиот центар „Cedars-Sinai“.
„Му заблагодарувам на моето семејство, на пријатѕелите и обожавателите за интересот и добрите желби“, напиша Др.Дред на Instragram во вторникот вечерта по локално време.
„Одлично се чувствувам и добивам извонредна медицинска нега. Наскоро ќе излезам од болница и ќе се вратм дома. Посебен поздрав на сите прекрасни мединциски професионалци во Седарс. Љубов!“, додаде музичарот.
Јанг во вторникот бил во стабилна состојба, според информармациите на TMZ од болнички изводи. Лекарите трагале по причината за аневризмата, се додава.
По музичките почетоци во хип-хоп бендот N.W.A., дебитантскиот албум под наслов „The Chronic“ од 1992 година создаде од него музичка ѕвезда. Родум од Комптон во Калифорнија, Др. Дре стана славен и во моментов неговото богатство се проценина на речиси милијарда долари.