Во Комисијата за заразни болести седат погрешни луѓе, во неа нема ниеден пулмолог иако станува збор за болест која го напаѓа респораторниот тракт, и затоа се негативни резултатите од борбата со Covid-19, а министерот за здравство Венко Филипче, не ги бара причините за тоа, истакна во петокот пулмоалергологот професор д-р Ангелко Ѓорчев, во текот на гостувањето на Алфа телевизија.
Ѓорчев истакна дека поради доцнењето со носењето на сите мерки кои досега се преземени од страна на македонските здравствени власти од позициите „Сѐ е под контрола” сега земјата дошла до прогласување кризна состојба.
„Увозот (на вирусот) од Ломбардија, без да се контролираат патниците на границите, па понатаму до донесувањето на кризните и вонредните состојби, доцнење во тераписките протоколи и тн“, рече Ѓорчев.
Алудираше на првите случаи на појава на коронавирусот во Македонија кон крајот на февруари и почетокот на март, кога задоцнето беа позитивно на SARS-CoV-2 беа потврдени лица кои се вратија во земјата од зимување во споменатиот италијански регион кој и сега во новиот бран на пандемијата е најтешко погоден во пандемиајта.
Најпознат случај од тој периот беше имено случајот на поранешната директорка на Кожната клиника во Скопје, Нина Цаца Биљановска, која беше дури по повеќе месеци обвиента и осудена поради пренесување на заразна болест. Таа на 29-ти февруари се вратила во државава од Италија преку граничниот премин Табановце, но притоа таа постапила спротивно на мерките според кои раѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од Covid-19, особено од Италија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Но таа, наспроти тоа, продолжи да оди на работа и на стручни семинари со што го направи првиот кластер во земјата. Минситерот Филипче, кој беше запознаен со нејзиниот престој на скијалиштата во Италија, па дури и објави нејзини фотографии од таму на својот фејсбук профил, воопшто не реагираше по нејзиното враќање.
„Тоа значи дека тимот не е добар, најстручните луѓе не се на чело. Во Комисијата за заразни болести се погрешни луѓе, има негативна селекција на квалитет. Каде има пулмолози во таа Комисија? Или што работи тоа македонско респираторно здружение каде што ги донесовме на времето, јас како национален координатор, сите најважни смерници и алгоритми за лекување на сите белодробни заболувања. Како резултат на тие смерници тогаш ние немаме смртен случај од астма од 1984 година. Во ваква ситуација кога имате негативни резултати од борбата со корона вирусот првиот човек во здравството треба да ги бара причините. Биле виновни матичните доктори, па ви се молам да навредите цела една фела e нон-сенс’, истакна Ѓорчев.