Кај „Чаирчанка“ пукано со „калашников“

Попладнево по 15 часот во близина на комплексот„ Чаирчанка“ во скопски Чаир, пред продавница за автомобилски делови, беше пукано со огнено оружје. Според очевидци, судирот се случил еѓу две групи млади лица кои откако физички се пресметале, употребиле и автоматска пушка „калашников“. Во моментов нема пријавени жртви.

Полицијата е на местото на настанот и го истражува случајот, додека сообраќајот во овој дел од градот беше целосно блокиран. Сообраќајот во моментов е преориентиран кон „Пластичарска“.

Од Министерството за внатрешни работи за НетПрес претходно во петокот попладнето потврдија дека кај нив било пријавено пукање од огнено оружје кај објект на улицата „Цветан Димов“, по што полициски службеници подигнале чаури за вештачење. Полицијата, исто така, информираше дека кај нив нема пријава за настрадани во пукањето

Извор: Лајм

ФОТО: vecer.mk