Др Петличковски: Се рамислува со една доза да се имунизираат оние кои прележале коронавирус

Трендот и интензитетот за вакцинација е се подобар. Исто така сме во очекување на нови пратки вакцини и поради тоа евентуално се јавуваат калкулации со опфатеноста. Интересот кај граѓаните е виден и пресметан од нивните пријави на сајтот „vakcinacija.mk“, вели д-р Александар Петличковски во интервју за ТВ Канал 5.

Според него, нашето население се уште нема доволно имунитет за да сме блиску до нормализирање на ситуацијата.

„Генерално ги следиме препораките на СЗО, а таму нема вакво нешто за прележаните со Ковид-19 да примат една доза на вакцина. Голем дел од многу развиени земји, но и нашата, потврдуваат дека една доза на вакцина кај оние што прележале, постигнуваат имунитет, кој што е посолиден од две дози на вакцина кај луѓе што не се заразиле. Со тоа, ќе заштедиме вакцини, но и нема да ги изложуваме на некаков ризик, тие што веќе имаат солиден имунитет“, додаде Петличковски.