
Славната фотографија „Кафеана кај бесмртните“ од вчера доби нов член, легендарниот актер Драган Николиќ кој завчера почина по подолго боледување во 72-та година од животот.
Драган Николиќ, кој е доцртан како влегува на вратата од кафеаната, им се придружи на одамна починатите Павле Вуисиќ, Зоран Радмиловиќ, Душан Прелевиќ Преле, Момо Капор, Тома Здравковиќ, Јосиф Татиќ, Бора Тодоровиќ, Петар Краљ и Драгомир Бојаниќ Гидра.
Тажната фотографија набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а не се знае кој е нејзиниот автор.