На мандатарот за нов италијански премиер Марио Драги во четвртокот вечерта му беше изгласана довербата во долниот дом на парламентот, со што ја мина и последната пречка на патот за преземање на власта.
Претставничкиот дом ми изгласа доверба на Драги со големо мнозинство, со 535 гласови „за“ и 56 „против“, а крајната десница Браќата на Италија (Fratelli d’Italia) беа единствената голема партија којашто се спротистави на именувањето на поранешниот претседател на Европскта централна банка (ECB).
Технократот Драги ја даде свечената обврска на премиерската должност минатата седмица, по падот на владата на неговиот претходник Џeузепе Конте кој поднесе оставка по одлуката на поранешниот премиер и лидер на левата Демократска партија (PD), Матео Ренци, од коалицијата да ја повлече својата нова партија Жива Италија (Italia Viva), со што владата го загуби мнозинството во парламентот.
Во средата му беше изгласана доверба во горниот дом на парламентот Сенатот, каде што го одржа првиот говор како премиер изнесувајќи ги своите политички прооритети, меѓу кои е борбата со пандемијата на коронавирусот и економската криза предизвикана од неа.