Драги: ЕУ мора да го забрза вакцинирањето и да биде построга кон добавувачите

Италијанскиот премиер Марио Драги им порачал на челниците на Европската унија дека мора да се забрза вакцинирањето против Covid-19 и да бидат построги кон добавувачите кои не ги исполниле своите обврски.

„Мораме да одие брзо, многу побрзо“, изјавил Драги на првиот ден од самитот одржан преку видео-врска.

Земјите членки на ЕУ започнаа со вакцинирањето против Covid-19 кон крајот на декември, но процесот оди многу бавно и досега само 4,2 отсто од населението во блокот примиле најмалку една доза, а владите за доцнењето делумно ги обвинуваат произведувачите.

Драги, поранешниот претседател на Европската централна банка (ECB), кој дојде на премиерската должност во Италија претходно во февруари, изјавил на состанокот дека ЕУ мора поостро да се постави кон производителите кои не ги исполниле обврските.

Според извори од ЕУ, Драги на колегите им сугерирал дека Унијата треба да го запре својот извоз и тоа не само доколку произведувачите не ги почитувале роковоите, туку и на некое подолго време. Повикал на претпазливост во поглед на испраќањето дози на трети земји, бидејќи ЕУ премногу заостанува во вакцинирањето, за да може да се впушти во амбициозната прграма за дистрибуција на вкацините надвор од своите граници.

Драги оценил дека Европската комисија би требачло да набавува вакцини и надвор од Европската унија, откако ќе ги одобри Европската агенција за лекови (ЕМА).

Исто така, Драги сугериал и дека првата доза од вакцината сега би требало да биде прироритет. Во многу земји членки на ЕУ, вклучително и во Италија, се почитуваат прописите на произведувачите на граѓаните да им се дадат две дози во одреден временски рок, па поради тоа дозите се задржуваат наместо барем со една доза да се вакцинираат што поголем број луѓе.