Италијанскиот премиер Марио Драги побарал од сегашниот претседател на државта Серџо Матарела „за доброто и стабилноста на земјата“ да остане на должноста нов мандат, откако политичките челници не успеаја да постигнат договр за компормисен кандидат, пренесува во саботата британската новинска агенција Reuters повикувајќи се на неименувани политички извори.
По повеќето повторени гласање во парламентот кои траат од понеделникот, Италија во саботата не беше поблиску до изборот на нов претседател. Во петокот имаше знаци дека политичките челници постигнале договор за кандидати кои ќе ги обединат политичките опции во парламентот. Но сега се наведува дека патениците во сѐ поголем број на гласачките ливчиња го испишувале името на сегашниот претседател.
Седумгодишниот мандат на 80-годишниот Серџо Мататерал истекува следната седмица, а тој претходно изјави дека не е заинтерсеира за нов мандат.
Иако станува збор за главно церемонијална должност, претседателот на Италија има значителни овластувања во време на политичките кризи, од распуштање на парламентот до изборот на нов премиер и добивање мандат за кревките коалиции, кои се чести во трета најголема економија во Европа во која владатие ретко го преживуваат целиот мандат.
А на Италија повеќе од кога и да е ѝ е потребна стабилна личност, бидејќи разнородните партии во коалициската влада на бирократскиот премиер Марио Драги веќе се препираат поради изборите следната година и можниот хаос, лесно би можеле да го загрозат користењето на драгоцените пари од европскиот фонд за закрепнување.
Во Италија 1.009 претеници во парламентот и регионалните претставнции го избираат претседателот со тајно гласање.Претходно во петокот челниците на десниот центар од Лига, Напред Италија и Браќа на Италија ги налутија своите опоненти наложувајќи им на своите пратеници да гласат за конзервативната претседателка на горниот дом Сенатот, Елизабета Каселати наместо да бараат кандидат со конензус. Но Каселати добнир само 382 од потребните 505 гласови.
Ни трите круга од гласањето оваа седмица не успеа да го донесат победникот, кој би требало во првите три круга да бодие двотретинско мнозинство, додека во следните гласање му е потребно просто мнозинство.
Премиерот Марио Драги беше фаворит, но партиите се загрижени дека неговото преземање на претседателската должност би можело да доведе до паѓање на владата и расписување на предвремени избори.