Манчестер јунајтед со пресврт го победи Вест Хем со 2-1, Кристијан Роналдо повторно погоди, победата ја донесе Лингард, а ја одбрани Давид де Хеа.
Вест Хем дојде во водство со гол на Бенрама во 30. минута, тој шутираше од далечина, топката го удри Варан, го смени правецот и заврши зад грбот на Де Хеа.
Но, кратко траеше радоста на Вест Хем, во 35. минута Кристијано Роналдо постигна гол за израмнување на 1-1.
Роналдо пропушти уште неколку шанси за нов гол, а имаше и сомнителна ситуација кога можеби требаше да биде досуден пенал по фаул врз него, но судијата одлучи да не го направи тоа.
Судбината сакаше Вест Хем да загуби од фудбалерот кој лани играше за нив, во 89. минута Лингард постигна убав гол за водство на Манчестер јунајтед од 2-1.
Во судиското продолжение беше досуден пенал за Вест Хем по играње со рака на Лук Шо. Дејвид Мојс тогаш во игра го внесе Нобл за да го шутира пеналот, но тоа се покажа како грешка, Давид де Хеа го одбрани неговиот удар и Манчестер јунајтед ги освои трите бода од овој натпревар.
Во другата средба од 15 часот Брајтон со 2-1 го совлада Лестер и продолжи со импресивниот старт на сезоната. Мопеј и Велбек погодија за домаќнитет, Варди реализираше за Лестер.