Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да ја погоди американска територија од среда до четврток, и кој може да биде „најлошата бура“ што го погодила полуостровот „во последните сто години”, предупредува претседателот Џо Бајден.
„Целиот полуостров Флорида е под некаков надзор или тревога“, изјави во вторникот гувернерот на оваа сојузна држава Рон Де Сантис.
Американскиот Национален центар за урагани (NHC) предупреди дека Милтон е „исклучително опасен“ ураган од четврта категорија на скалата Сафир-Симпсон, откако претходно беше класифициран како ураган од највисоката петта категорија.
Милтон би можел да биде „најлошата бура во Флорида во последните сто години“, рече Џо Бајден во вторникот на маргините на состанокот со неговите советници во Белата куќа, за да разговараат за подготовките.
„Морате веднаш да се евакуирате, тоа е прашање на живот и смрт“, им порача американскиот претседател на жителите на третата најнаселена држава во САД.
Неговиот потпретседателка Камала Харис побара од жителите „сериозно да ги сфатат локалните власти“.
„Жители на Флорида, вие сте издржлив народ кој поминал многу, но ова ќе биде поинаку“, предупреди демократската претседателска кандидатка на претседателските избори на 5 ноември за телевизискаа мража AВC News.
Во знак на сериозноста на ситуацијата, Белата куќа објави дека претсеателот Џо Бајден одлучил да не оди на планираните официјални патувања на крајот од седмицата во Германија, а потоа во Ангола.
„Можам да го кажам ова без никаква драматизација: ако изберете да останете во една од зоните за евакуација, ќе умрете“, изјави за CNN во понеделникот Џејн Кастор, градоначалничката на големиот град Тампа на Флорида.
Според прогнозерот Мајкл Лоури, „Доколку се остварат најлошите прогнози за регионот на заливот Тампа, поплавите на крајбрежјето предизвикани од Милтон би можеле да бидат двојно повеќе од оние што беа забележани пред две недели за време на ураганот Хелена“.
„Милтон се засили во понеделникот со огромна брзина“, еден од „најбрзите досега забележани во басенот на Атлантикот“, додаде тој.
Генератори, храна, вода и церади се дистрибуираат низ Флорида, а многу жители планираат да заминат.