Соседи спасиле жена од пожар што вчера избувнал во куќата на улицата Кичевска број 9 во Битола. Жената веднаш била пренесена во болница, но е надвор од животна опасност.
Според изјавите на очевидци пожарот избувнал во спалната соба од куќата, а се претпоставува дека причината за избувнувањето на пожарот е неисправна електрична иснталација, јави ТВ Тера.
Куќата е сопственост на Ана Стефановска, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, а сега член на Државната изборна комисија.
Благодарејќи на брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот брзо бил локализиран.