Цената на пивото во последно време скокна поради вртоглавиот скок на цената на суровините, како и недостигот на некои што се потребни во производството. Неколку германски пиварници ги зголемија цените на пивото, што е прво зголемување во последните четири години.
Сите се жалат на тешкото снабдување со потребните материјали и енергија. Синџирот на снабдување се претвори во синџир на цени, пишува Biz Life.
Според Дојче веле (ДВ), цените на јачменскиот слад, кој е една од четирите суровини што се користат за производство на пиво, покрај хмељот, квасецот и водата, последнава година скокнале за 70 отсто.
Ова не е единствениот проблем за пиварниците – недостигаат и палети, а тие се претежно од украинско или руско производство, а исто така поскапе и енергијата потребна за загревање на резервоарите со пиво и работа за машината за полнење шишиња.
Фабриката Велтин укажува на експлозија на цените, највисока во последните неколку децении, а цените на нивните пива скокнаа за едно евро по гајба.
Велтинс може повторно да ја зголеми цената бидејќи продолжува вртоглавиот раст, а цените ги покачија и другите производители.
Потрошувачите на тоа гледаат поинаку, а има неколку кои сметаат дека е оправдано бидејќи многу други работи се поскапи.
Најголем проблем би бил Русија да го прекине снабдувањето со гас или ЕУ да воведе ембарго, а доколку тоа се случи, цената на пивото ќе биде најмал проблем.