Дражавата ќе плаќа 400.000 евра годишно за десетиците советници на Заев кои не покажаа никакви резултати

Зоран Заев и СДСМ дрско им се смеат на граѓаните во лице. Додека празнициве Заеви јадеа во златни лажици и виљушки по дома, Зоран Заев успеал да го зголеми бројот на лични советници во Влада и да назначи плус нови од тие што веќе ги имаше. Граѓаните тонат во сиромаштија, а Заев живее луксузен и раскошен живот на грбот на граѓаните и ги троши парите на граѓаните за советници кои никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак новиве ќе го советуваат, изјави на денешната прес конференција, Диме Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Едноставно се назначени како награда за да земаат дебели плати од приближно 1.000 евра месечно платени од граѓаните. Овие 29 советници, новоназначени шест, кои го советуваат Заев се само непотребен трошок на грбот на граѓаните. Овие 29 квази советници, за кои не знаеме ниту еден паметен совет што му го дале досега на Заев, оние што претходно беа, нормално, годишно граѓаните ги чинат 320.000 евра, а вкупно со надворешните соработници кои што исто така се платени од Владата граѓаните ги чинат 400.000 евра годишно само за советниците на Зоран Заев“, рече Арсовски

Потсети дека само пред неколку месеци беше објавена листата на советници и сите заедно чинеле 240.000 евра, за што и ВМРО-ДПМНЕ ја предупредуваше јавноста, но посочи дека таа сума речиси двојно е зголемена.

„Дрскоста е толку голема што во време на сериозна економска криза и здравствена пандемија, кога над 55.000 луѓе останаа без работа и десетици илјади ученици се надвор од образовниот процес заради немање финансии да следат настава електронски, Заев назначува 29 советници, односно како што реков шест повеќе од претходно. Ако досега резултатот на советнициве на Зоран Заев бил огромна нула, верувајте сега со новите шест советници ќе биде во минус под нулата“,  забелеќа Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека лица кои не покажале никакви резултати на министерските и директорските функции кои ги извшриваа изминатите четири години, сега премиорот Заев ги назначува за свои советници.

„Тоа е од едноставна причина, за да купи мир со парите на граѓаните. Факт е дека ниту поранешните министри Едмонд Адеми и Аксел Ахмедовски, ниту пак Љубе Бошковки, ниту, пак, поранешните директори од Аенцијата за храна и ветеринарство и од Македонски шуми немаа досега никаков успех на своите позиции, а нема да имаат ниту сега како советници, бидејќи да знаеле и да имале познавања за своите функции веќе ќе го применеле на министерските и директорските позиции“, посочи Арсовски.

Според него, многу поважно би било доколу овие 400.000 евра наместо во плаќање на десетиците советници кои претходно не покажале никаков резултат и успех, се  пренаменат за инвестиции онаму каде што е најпотребно, како во здравството, за помош на стопанството, за нови вработувања, за инвестиции во образованието.

„Но, поважно му е на Заев да ги даде парите на неговите блиски и да ги троши како непродуктивни трошоци за советници кои како што реков никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак ќе го советуваат во наредниот период“, заклучи Арсовски.