Во Соединетите држави откриени се отпечатоци од стапала стари 23.000 години, што укажува на тоа дека луѓето се населиле во Северна Америка многу пред крајот на последното ледено доба, покажува истражувањето објавено во научното списание Science.
Ова откритие го поместива за илјадници години времето кога првите жители го населиле американскиот контитент.
Отпечатоците се откриени во калта на брегот на одамна пресушено езеро, коешто денес е дел од пустината во Ново Мексико. Талогот ги исполнил вдлабнувањата кои ги создале стапките и се стврднал во карпа, штитејќи ги доказите за претците и давајќи им на научниците детален увид во нивниот живот.
„Се чини дека многу траги им припаѓаат на тинејџери и деца, големи отпечатоци на возрасни се поретки“, пишуваат авторите на студијата објавена во споменатото американско списание.
Една од хипотезите на научниците за тоа дека постоела поделба на трудот, во којашто возрасните се вклучени во квалификуваните работи, додека „донесувањето и носењето“ им се доделувани на тинејџерите.
„Децата ги следеле тинејџерите и заедно оставале поголем број траги“, велат научниците.
Исто така, истражувачите пронашле траги од мамут, праисториски волци, па дури и од гигантски мрзливци, за коишто се чини дека биле присутни во областа истовремено кога и луѓето го посетител езерото.
Америка била последниот континент до кој дошло древното човештво. Со децении најчесто прифаќањата теорија беше дека доселениците во Северна Американ дошле од источен Сибир преку копнениот мост, односно денешниот Берингов теснец. Од Аласка тргнале кон југ во попогодна клима.
Археолошките докази, вклучително и врвовите од копја кои се користени за убивање мамути, долго сугерираа дека населбата стара 13.500 години била поврзана со ткн предисториската култура Кловис, наречена така по град во Ново Мексико. Тоа се сметаше за првата цивилизација на континентот и групи претходница кои станале познати како Индијанци.
Меѓутоа, идејата за предисториската култура Кловис е протресена последните 20 години со новите откритија коишто покажуваат дека првите населби се постари.
Дури ни оваа поместена процена на староста на првите населби не надмунуваат 16.000 години, по завршувањето на ткн „последен леднички максимум“, периодот кога прекривачите од мраз биле најраспространети. Овој настан, кој траел до пред околу 20.000 години, е клучен бидејќи се верува дека со мразот кој тога прекривал поголем дел од северниот области на континентот, миграцијата на луѓето од Азија во Северна Америка и пошироко би била многу тешка.