
Бугарија си замина од Скопје со победа и второт место во групата, а додека ја слават победата од нашиот сосед пристигнуваат и провокации.
Македонските навивачи вчера на Арената жестоко свиреа на бугарската химна пред почетокот на натпреварот. Ова за провокација го искористи поранешниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов.
„Не ми е јасно како Македонците можеа да ја исвиркуваат химната на нивните баби и дедовци? Работата е многу чудна, пропагандата е премногу силна“, изјави Ангелов.