-0.2 C
Skopje
понеделник, јануари 13, 2025

Другите европски земји воведуваат карантини, а Полска се отвора

Додека другите источноевропски земји имаат нови рекорди во бројот на пациенти и смртни случаи, Полска најавува делумно отворање поради изправање на кривата на бројот на нови случаи на Ковид-19.

Вкупниот број на заразени од коронавирус во источна Европа денеска надмина пет милиони, според Ројтерс. Тоа е регионот на Белорусија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Молдавија, Романија, Русија, Словачка и Украина.

Во Источна Европа, имало просечно по 82.000 нови случаи секој ден минатата недела, и во просек повеќе од 1.500 смртни случаи.

Русија, Полска и Украина се меѓу 20-те земји во светот со најголем број случаи.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки најави отворање на трговските центри од следната сабота за да им помогне на трговците во периодот пред Божиќ.

Владата ги затвори сите места за забава и некои продавници на 7 ноември по скокот на бројот на пациенти, но оттогаш кривата на бројот на пациенти се израмнила.

“Еден услов е … дисциплина во секоја продавница, трговски центар, продавница за мебел. Ако тоа не се случи, тие продавници ќе бидат затворени”, рече Моравиецки на прес-конференција.

„Овие одлуки можат да зачуваат стотици илјадници работни места и затоа ги носиме“, додаде тој.

Според Моравиецки, училиштата остануваат затворени до Божиќ. Тој ги повика Полјаците да ги поминат празниците во најблискиот семеен круг и да не патуваат.

Чешка денеска објави дека бројот на починати од Ковид-19 се зголемил двојно во ноември на повеќе од 7.000.

Според Министерството за здравство, бројот на починати во октомври изнесува 3.523, а сега достигнал 7.021.

Во една од најпогодените европски земји, бројот на нови случаи и бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа во последните неколку недели, па властите ублажија некои мерки.

Вчера, регистрирани се 5.809 нови случаи во земјата, што е половина од врвот на бранот кон крајот на октомври.

Русија денеска пријавила рекордни 24.822 нови инфекции во еден ден, вклучително и 7.168 нови инфекции во Москва. Вкупно 2.064.748 биле заразени во земјата.

Украина бележи рекордни 14.580 нови инфекции во претходните 24 часа, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Министерот за здравство рече дека вкупниот број на заразени се искачил на 612 665, со 10.813 жртви.