Дрво падна врз автомобил во Скопје

И Скопје повторно е зафатено од невреме, проследено со силен дожд и грмежи.

Градот уште не ги санирал последиците од невремето минатата сабота, а секојдневно по дождовите се бројат откачени гранки и паднати дрва по улиците.

Така е и денеска, а на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија од дрво паднато врз автомобил во Тафталиџе.
Нема информации дали има повредени лица.