Државата ги наградува Узбекистанците ако направат 10.000 чекори дневно

На Узбекистанците кои секојдневно во текот на една година ќе направат по 10.000 чекори, властите ќе им овозможат бесплатно користење на салите за вежбање во државна сопственост и ќе добијат 50 отсто попуст на слични услуги кои ги нуди владата, се наведува во нацрт документот.

Целта на ваквата одлука е поттикнува здрав начин на живот, а нацрт документот содржи и одредби како што се воведување ден без автомобили и поставување справи за вежбање во градските паркови во оваа азиска држава со 34 милиони луѓе.

Властите се надеваат дека нивните напори ќе придонесат за заштите на населението од болестите како што е сегашната пандемија на Covid-19, иако досега во Узбекистан се евидентирани помалку случаи отколку во многу други земји. Досега се забележани 53.000 случиа на заразата и 444 смртни исходи. Поради сузбивањето на ширењето на болеста досега во земјата се спроведени две целосни затворања.

Владината програма „Да ја совладаме пандемијата со спортот“ го поттикнува промовирањето на спортовите како што се брзи одење, трчање, возење велосипшед, мал фудбал, бадминтон, одбојка и баскет.