Советот за безбедност на ОН синоќа ја разгледа зад затворени врати хуманитарната состојба во Венецуела, без да донесе одлука за специфична акција. По сесијата некои европски земји предупредија дека пандемија на вирусот „се заканува со разорни хуманитарни последици во Венецуела, која од претходно е во сериозно тешка економска, социјална и хуманитарна состојба“.
Во заедничката изјава на Франција, Германија, Белгија и поранешниот член на СБ Полска, беше изразена сериозна загриженост дека ситуацијата во Венецуела би можела дополнително да го влоши и дестабилизира целиот регион, со сериозни хуманитарни последици.
Констатирано е дека ЕУ е најголемиот донатор за Венецуела и дека Европа обезбедила повеќе од половина од вкупната помош.
Беше упатен повик до меѓународната заедница да ги засили своите напори и да обезбеди соодветна реакција на хуманитарната криза во Венецуела.