Државната агенција на САД нашла купец за дел од сопственоста на пропаднатата SVB банка

Американската Федералната корпорација за осигурување на депозитите (FDIC) извести дека продала 72 милијарди долари од сопственоста на пропаднатата банка „Silicon Valley Bank“ (SVB) на „ First Citizens BancShares“ со попуст од 16,5 милијарди долари.

Според договорот, филијалата „First–Citizens Bank & Trust Company“ ќе ја преземе сопственоста на „Silicon Valley Bank“ во износ од 110 милијарди долари, депозити од 56 милијарди долари и кредити во износ од 72 милијарди долари.

Банката „First Citizens“ има околу 109 милијарди долари сопственост и депозити во сума од 89,4 милијарди долари, а делот до сопственоста на „Silicon Valley Bank“, во износот од 72 милијарди долари, ќе го купи со „дисконт“ од 16,5 милијарди долари, се наведува во извештајот на FDIC.

Во FDIC проценуваат дека колапсот на „Silicon Valley Bank“ на Фондот за осигурување на депозитите (DIF) му предизвикал трошок од околу 20 милијарди долари. Точната сума ќе биде утврдена откако FDIC ќе ја укине стечајната управа, се додава во соопштението.

По продажбата на вредноста на сопственоста на „Silicon Valley Bank“ под стечајна управа ќе биде намалена на околу 90 милијарди долари, уверува американскиот регулатор.

Во одвоено соопштение се наведува дека со споменатата трансакција се стекнале со правото на приход од зголемената вредност на акциите на „First Citizens BancShares“ во висина од 500 милиони долари.

Од понеделникот 17 поранешни филијали на пропаднатата банка ќе започнат да работата како „Silicon Valley Bank“ филијали на „First Citizens Bank“.