Државниот врв денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан,, по повод трет ден Божик и празнувањето на архиѓаконот и првомаченик Свети Стефан.
На божикната трпеза присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.
На божикниот ручек, што поглаварот на МПЦ го приреди во неговата резиденција во Скопје присуствуваа и дел од Светиот синод.