
Дуделанж го совлада АПОЕЛ со 4:3 вчеравечер на гостувањето во Никозија во натпревар од 1. коло од групната фаза од Лигата на Европа. Според прес-службата на УЕФА, ова е првиот тим од Луксембург кој забележал победа во групната фаза на второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа.
Во групата „А“ од ЛЕ, уште играат Карабах и Севилја.
За потсетување, во минатата сезона Дуделанж освои еден бод во групата од Лига Европа.