ДУИ ќе бара консензуален претседател на државата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на гостување во емисијата „Клан Дебат“ на телевизијата Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат следната година ќе побараат консензуален претседател.

На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател, Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ќе го бранат.

„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“,– рече Ахмети.

Ахмети, исто така, кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен, но и оти се’  уште е рано да се зборува за тоа.

„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но се’ уште е рано за тоа“, рече Ахмети.