ДУИ преку оглас бара советници за Гостивар, без разлика дали се или не се членови на партијата

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за првпат објавува јавен повик со кој ги повикува граѓаните на Гостивар да го искажат својот интерес  и да се кандидираат за советник во Советот  на општина Гостивар од редовите на Демократската Унија за Интеграција, објави партијата.

Во јавниот повик се вели дека ДУИ одлучила да понуди можност за кандидатури дури и за личности кои не се дел од нивната партиска структура.

– Ги покануваме сите заинтересирани кои ги поддржуваат нашите политики и се подготвени да придонесат за нивната општина, да се кандидираат како кандидати за советници за локалните избори на 17 октомври 2021 година. Кандидатите треба да се полнолетни, односно да наполниле 18 години,
да се државјани на Македонија, да се способни за работа и да се способни во аспект на општото здравје, да имаат способност за работа и во целост да ги почитуваат законските прописи на РСМ и да не се во процедура за активност што е спротивно со законот – велат од ДУИ.

Кандидатите треба да подготват и презентираат програма со идеи, визија и проекти редложени за развој на општината за периодот 2021-2025 година.