ДУИ Југенд – Последниот очаен обид на Али Ахмети

Последната демонстрација на моќ на ДУИ му ја овозможи СДСМ. За време на кампањата на последните парламентарни избори, кога главниот свој митинг ДУИ го одржа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. СДСМ, пак, истиот ден, истата вечер, одржа јаден митинг, исто така во центарот на Скопје, неколку стотина метри подалеку од плоштадот во близина на зградата на ЕУ. Таа вечер на секој граѓанин на Македонија му стана кристално јасно дека пред СДСМ и ДУИ е тежок пораз, дека заминуваат во опозиција и дека тоа е последната демонстрација на моќ на партијата на Али Ахмети.

Цуркузот со прославата на денот на албанското знаме заврши. Сега е време да се плати цехот. А тој, за некого ќе биде многу висок, особено за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во политичка смисла, но и за оние млади луѓе изманипулирани од него, во кривична смисла.

Последниот глупав потег на Али Ахмети, со кој се обиде да ги закрви Албанците и Македонците, и да ја втурне Македонија во една состојба на многу нарушена внатрешна безбедност, рака на срце многу заличи на оној на Адолф Хитлер, пред крајот на втората светска војна, кога фирерот на фронт во битките за Берлин праќа тинејџери. Последни очајни потези на политички лидер тргнат кон бездната од каде нема враќање. Каков неславен крај. Самата помисла дека си подготвен да мобилизираш малолетници за свој спас кажува доволно.

Обидот на крајот сепак остана неуспешен. Ахмети сам си се стави во крајно непријатна политичка ситуација. Извесен период најавуваше некакви улични протести. Никому не му беше јасно зошто би се одржале тие протести, која е причината за да ги има? Единствено логично објаснување е тоа што ДУИ е во неиздржлива болка бидејќи е опозиција. Како и да е, протестите се најавуваа, па се откажуваа. Неколкупати. Ваквите чекори кажуваа се’. Дека едноставно ДУИ повеќе не е сериозен политички фактор во Македонија. ДУИ е нешто од што сите, на пример, странски претставници во Македонија моментно се дистанцираат. Претпоставувам поради корупција.

Но, по ова што го стори Ахмети на денот на албанското знаме, убеден сум дека бил и на жестоко „пеење“… тој си знае каде. Друга важна работа, пак, е тоа што си го отвори патот кон пораз за ДУИ на претстојните локални избори.

Е, сега правните последици од кршењето на законот на денот на албанското знаме ќе си ги почуствуваат на своја кожа оние кои слепо му веруваа на лидерот Али Ахмети. Нормално и нивните семејства. Еве речиси една недела помина од таа циркузантска вечер, и речиси сите ја заборавија. Но, не ја заборави правниот систем. Оние кои се упасени и притворени сега нека му ја мислат. Нивната правна голгота допрва почнува. Нивното трошење, и психичко и материјално, е на самиот почеток. Маките ќе си ги тргаат сами, со своите семејства. Сега ДУИ и Али Ахмети како ќе им помогнат? Сега ќе се запрашаат дали вредеше таа слепа партиска послушност? За кого? За што? А, најтешко ќе им биде кога ќе се соочат со казните.

Времето на Али Ахмети му застанало пред дваесеттина години, кога навистина вакви сценарија вродуваа со плод. Насилничко однесување на улични протести, демолирање на урбани опреми, автобуски постојки, палење на државното знаме, меѓуетнички тепачки по улици, во автобуси, дивеење… и сето тоа без никаква правна одговорност за никого. Ама денеска ова не поминува. Не поминува ниту кај Албанците, а камоли кај останатите граѓани на Македонија.

Последната демонстрација на моќ на ДУИ му ја овозможи СДСМ. За време на кампањата на последните парламентарни избори, кога главниот свој митинг ДУИ го одржа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. СДСМ, пак, истиот ден, истата вечер, одржа јаден митинг, исто така во центарот на Скопје, неколку стотина метри подалеку од плоштадот во близина на зградата на ЕУ. Таа вечер на секој граѓанин на Македонија му стана кристално јасно дека пред СДСМ и ДУИ е тежок пораз, дека заминуваат во опозиција и дека тоа е последната демонстрација на моќ на партијата на Али Ахмети.

Ахмети и неговите најблиски, кои се всушност раководство на ДУИ, мора да се помират со тоа дека нивната политичка кариера е завршена. Мора да допуштат ДУИ да се реформира и да се ослободи од корумпираните кадри кои само и’ штетат на партијата. Тоа е круцијално нешто што мора да се случи во најбрзо време, инаку не им е блескава политичката кариера.

Предизвикување насилства, дивеења, улични инциденти и слични глупости се одамна надмината работа во Македонија. Кај сите граѓани, без исклучок.

Автор: Дејан Николовски