Дуковски: Имаше закани за Боки од мојот телефон

Адвокатот Сашо Дукоски потврдува дека денеска пред давањето исказ во Јавно обвинителство имало закани кон Бојан Јовановски од неговиот телефон. Непознат машки глас околу 10 часот и 50 минути се јавил на мобилниот телефон на Дукоски и почнал да се заканува и да го навредува Јовановски.

Ми рече нека пази добро што зборува таму каде што е дојден. Соговорникот, чиј глас не ми е познат, зборуваше чудно – изјави Дукоски за „Република“.

Адвокатот на Боки 13 вели дека тој денеска во Основното јавно обвинителство даваше исказ во врска со кривичните  пријави што ги поднесе според членот 359 од КЗ , и тоа за злоупотреба на службена положба и овластување, давање лажен, како и за противзаконито влијание.

Јовановски за следната недела најавува уште четири нови кривични пријави.