Дурант уште две години во „Вориорси“

Кевин Дурант (29), МВП на двете последни финалиња на НБА лигата го продолжил договорот со актуелниот шампион „Голден Стејт“, објави денеска клубот од Калифорнија.

Иако Вориорс не објави детали за договорот, американските медиуми велат дека Дурант потпишал двегодишен договор вреден 60 милиони долари.

За време на финалната серија против „Кливленд Кавалирс“, Дурант имаше во просек 28,8 поени, 10,8 скока, 7,5 асистенции и 2 блока по натпревар. Во текот на регуларниот тек на сезоната, тој имапе поскромен учинок од 26,4 поени со 6,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар.