
Оперскиот првенец Игор Дурловски, кој самиот е предмет на неоснован прогон на власта во случајот „настаните од 27-ми април“, преку социјалните мрежи шеговито со поддршка реагираше на случајот на сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски Политико.
Имено, Ивановски, кој е докажан инструмент на власта во минатото и сега, се нафрлаше со навреди кон македонските патриотски ориентирани јавни личности, вклучително и кон приврзаниците на граѓанското движење За заедничка Македонија, која се залагаше за зачувување на унитарниот карактер на земјата, а чиј еден од лидерите беше и Игор Дурловски.