Кривичниот совет на Основниот суд Сопје 1 Скопје донесе одлука во вторникот мерката притвор за оперскиот првенец Игор Дурловски и службеничката во македонското Собрание, Елена Доцевска-Божиновска, да биде заменета со домашен притвор.
Решенијата за оваа одлука од денеска се правосилни и треба да бидат доставени до затворот во Шутка, по што тие ќе бидат пуштени дома.
Пратеничката Жаклина Пешевска доби мерка претпазливост и сѐ уште чека правосилно решение за да го остави пасошот во Кривичен и после два месеци куќен притвор да може да го напушта домот.
Сите тие се обвинети за случувањата во Собранието на 27-ми април.