Дурловски: Народот мора да знае, Шехеринска му должи одговори на народот!

⚠️ Поминаа 3 дена од моето последно обраќање пред Крушевчани, кога јавно и упатив прашање на Радмила Шехеринска:

⁉️ Каде е усогласената изборна програма на СДСМ и Беса и зошто таа не им е достапна на граѓаните?
⁉️ Дали таква програма воопшто постои, имајќи предвид дека лидерот на Беса, Касами, се повикува на Декларација за заеднички настап на изборите, а не на заедничка програма?
⁉️ Кој од вас не знае или крие што потпишал? Какви се вашите меѓусебни ветувања и обврски? Дали СДСМ стои зад заложбите на БЕСА со кои се заговара кантонизација на Македонија? Која е вистината?

✅ Народот мора да знае. Шехеринска му должи одговори на народот! Јас верувам во својот народ, и знам дека тој е свесен кој во блиското минато ги распродаде националните интереси.

🚫 Да не дозволиме да се повтори овој срам и понижување!- напиша на Фејсбук, Игор Дурловски.