Дурловски од Струга: Ние не сме на продажба

Игор Дурловски носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 5 денес се обрати пред стружани пред кои истакна дека чувствува огромно задоволство што е дел од кампањата за Oбнова на Македонија.

„Струга е непокорен и горделив град. Град на браќата Миладиновци кои го опеаа и го претставија битието на Македонецот. Струга е симбол н македонската самобитност. Зарем треба да потсетам дека пред 76 години тука за прв пат е испеана химната која и денес е изворен симбол на Република Македонија“, посочи Дурловски.

Додаде дека за жал во изминативе години сведочиме дека се она што ни ја чини историјата и државата лесно, безумно и срамно се негира и распродава.

„Ние не сме на продажба. Струга, Македонија не се и не смеат да бидат предмет на пазар“, нагласи носителот на листата на изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ.

Дурловски нагласи дека мора за нашите деца и нашето потомство да изградиме и оставиме цврст темел. Не може секој генерација да почнува одново и одново, одпочеток, така не може да напредуваме, не може да се развиваме.

„Браќа и сестри вие знаете дека кога ВМРО-ДПМЕН е на власт секогаш ги почитува и афирмира овие суштински вредности. Затоа немам сомнеж и пред вас велам дека ВМРО-ДПМНЕ има долгорочна визија за просперитетна Македонија проектите кои се дел од програмата за обнова на Македонија ќе донесат повеќе за сите. Повторно ќе ја обновиме и изградиме Струга. Обновата ќе донесе подобри услови за живот, финансиска сигурност, модерна инфраструктура, квалитетно здравство, силно образование. Културната обнова на Струга ќе значи уште позасилена поддршка на традиционалните манифестации како на пример „Струшките вечери на поезијата” кои ја мапираа Струга како поетска престолнина. Соодветно ќе го заштитиме и презентираме непроценливото културно наследство на Струга“, нагласи Игор Дурловски.

Дурловски ги охрабри стружани на изборите на 15 јули заедно да направат пресвртница.

„Победата и подобриот живот се можни. Бидете со нас нема да ве изневериме“, повика Дурловски.