На изборот на успешни земјоделци современото земјоделство претставено си еден штанд гајба јаболка, а за претставување успешните земјоделци требало да платат 12 илјади денари, обвини Душко Илиевски – Млекарот од Битола, а пренесува порталот Република.мк.
Советничката Николовска споделила само две фотографии од настанот, на кои не е прикажана атмосферата, туку само плакетата.
„Голема чест е да се биде во тимот на премиерот Зоран Заев. Честитки за признанието од земјоделците“.
Во описот на настанот пишува:
Втора година по ред и единствена од ваков вид манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ ќе се одржи на 12 септември во Битола. На манифестацијата учество ќе земат земјоделци – фармери и компании – стопанственици од областа на земјоделството.
На овој начин преку оваа манифестација, која ќе постане традиција за овој регион, сакаме да му дадеме поголема важност на професијата „Земјоделец“, да ги поттикнеме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, и пред се да ги поддржиме младите земјоделци и жената-земјоделец.
Пред почетокот на манифестацијата, од 16:30 часот, во дворот на центар СН, ќе се одржи мини саем со земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна…
Официјалниот дел ќе започне во 18 часот.
Ќе се доделат повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.
Ќе се даваат маички и беџови со нашето лого и со името на манифестацијата.
По официјалниот дел, сите присутни ќе ги забавува музичка група.
На настанот ќе присуствува Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, поранешниот министер за земјоделство и актуелен Генерален секретар, Љупчо Николовски, посебната советничка за земјоделство на претседателот на Владата, Ленче Николовска.