Во животот сум сфатил дека бројот на зборови е во обратна пропорција со дејствијата. Затоа ќе бидам краток и дециден: Душманите на Македонија мора да се спакуваат. Надворешните душмани – за протерување од нашата држава. Внатрешните душмани – за во затворот.
Еве зошто:
Прво, во изминатите 25 години не стивнаа обидите на САД и ЕУ од една страна и на македонските соседи од друга, да го уништат македонското име (идентитет) и македонската држава. За таа цел беа искористени сите можни средства, вклучително и терористичка војна против Македонија во 2001 година.
Второ, македонскиот народ на 8 септември 1991 година преку референдум се изјасни дека сака слободна, суверена и независна држава во улогата на нејзин државнотворен фактор. До денес тоа барање се препотврдува преку спроведените девет парламентарни избори. Народот даваше доверба на политичари и партии, кои му ветуваа територијална целосност и унитарност на македонската држава.
Трето, веќе 25 години македонските политичари го изневеруваат македонскиот народ и ги негираат неговите барања и глас. Го направија токму спротивното: му го одзедоа знамето, ја прекинаа поддршката кон македонското малцинство во останатите делови од Македонија, ја запоставија македонската дијаспора, ни наметнаа референца наспроти уставното име, прифатија капитулантски преговори со Грција, ги потпишаа предавничките Охридски и Пржински договори со кои го разнишаа унитарниот карактер на државата, многукратно го ревидираа Уставот со што им дадоа на Албанците во Македонија повеќе права, отколку што ги имат самите Македонци. На тој начин, ветувајќи и досега самостојна држава, практично ја трансформираа во протекторат и колонија.
Македонските државни институции се под контролата на…