Двајца припадници на елитните специјални единици американската морнарица (SEAL) коишто исчезнале во Аденскиот залив претходно овој месец не се лоцирани и нивниот статус е променет во „мртви“, изјавија во неделата американските воени претставници.
Војниците биле пријавени за исчезнати откако се качиле на иранско пловило, соопшти американската централна команда на платформата X.
Двајца американски специјалци исчезнаа на море додека изведуваа операции во близина на брегот на Сомалија, објави американската војска на 12-ти јануари, додавајќи дека во тек се операции за пребарување и спасување за да бидат лоцирани.
„Морнарите беа распоредени во оперативната област на Петтата флота на САД (C5F) поддржувајќи низа различни мисии“, соопшти американската Централна команда бед дополнителни поединости.