Двајца Црногорци уапсени во Уругвај за шверц на 400 килограми кокаин

Уругвајската полиција запленила повеќе од 400 килограми кокаин во рамките на акцијата наречена „Virtus“, а меѓу уапсените има и двајца црногорски државјани, објави во петокот порталот на црногорската јасен сервис rtcg.me.

Во веста во која порталот се повикува на уругвајскиот дневен весник El Observador, се наведува дека меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балкански клан.

„Балканскиот клан е голема мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа, а ја сочинуваат државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска“, се вели во текстот на El Observador, а пренесува порталот rtcg.me.

Дрогата наводно пристигнала во Уругвај од Боливија, а била наменета за европскиот пазар. Во оргиналниот текст на Еl Observador се наведува дека државјаните на Црна Гора наводно биле организатори на групата која дрогата требапло до Боливија да ја префрли во Европа.

Уругвајските власти, вклучително и Генералниот директорат за сузбивање на трговијата со дрога, во истата операција запленија три автомобила и еден камион, два чамци и еден трактор.

Наводно, се очекуваат апсења на уште лица инволвирани во шверцот на 400 килограми кокаин. Истрагата која трае пет месеци, пишуваат уругвајските медиуми, ја води обвинителката за наркотици Моника Фереро

Во извештајот од 2022 година, Европската комисија предупреди на зголемување на случаите во кои црногорски државјани биле уапсени за шверц на дрога, особено кокаин, во странство.

Во неодамнешниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), беше наведено дека криминалци од Црна Гора учествувале во меѓународниот шверц на повеќе од 30 тони кокаин, а овие количини биле запленети од полицијата ширум светот од 2017 година до 2021 година.