Двајца припадници на франциската војска загинаа а уште еден е тешко ранет во експлозија на импровизирана експлозивна направа коај го уништила нивното оклопно возило на северот на Мали.
Франција распоред повеќе до 5.000 свои војници во оваа западноафриканска земја во регионот Сахел, во рамките на меѓународните напори во борбата против исламистичките милитанти во овој регион.
Француските сили дејствуваат во областа од 2014 година кога го сопреа напредувањето на исламистичките бунотвници во Мали, а досега загубија 45 војници.
Меѓународната заедница страва дека соборувањето на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита во војниот преврат од 18-ти август може дополнително да го дестабилизира Мали и да ја поткопа борбата против бунтовниците поврзани со терористичките мрежи Ал Каеда и Исламска држава во поширокиот регион Сахел.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно седмицава ја пофали „храброста и решителноста на француските сили распоредени во регионот Сахел“ и повијка без одложување да се воспостави „цивилна политичка транзиција“ во Мали.