![hemisko ucilicsti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/hemisko-ucilicsti.jpg?resize=670%2C405&ssl=1)
Двајца средношколци се здобиле со расекотини од нож, по масовната тепачка меѓу две поголеми групи ученици пред средното училиште “Марија Кири Склодовска” во Скопје.
Повредените ученици на возраст од 15 и 18 години и се пренесени во Ургентниот центар, пренесе СИТЕЛ.
Едниот од нив има расекотини на подлактицата и на дланката и е задржан на пластична хирургија, додека другиот има само повреди на дланката добиени од нож.
Од МВР го потврдија настанот кој се случил околу 17 часот и најавија повеќе детали.