Двајца млади ресенчани повредени на патот Ресен – Охрид

Двајца млади ресенчани се тешко повредени рано утрото во неделата, кога нивниот автомобил излетал од коловозот на магистралниот пат Ресен – Охрид, известува Министерството за внатрешни работи.

Утрово околу 4,30 часот во охридската полиција било пријавено дека на магистралниот пат во близина на селото Завој, автомобил „сеат ибица“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Б.М. од Ресен, излетал од патот.

Притоа, возачот и 19-годишниот сопатник Е.И.М. од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свевти Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи.