Двајца позитивни на Ковид-19 во Лекарска комора, правеле свадба со 100 гости

Двајца вработени во Лекарската комора се позитивни на Ковид-19, правеле свадба со стотина гости објави „НОВА“. Од Комората за НОВА потврдиле дека вработените не се инфицирале на работно место туку на приватна веселба. Тие 10-тина денови не доаѓале на работа и користеле годишен одмор.

Откако биле информирани за ова од ЦЈЗ, сите вработени во Лекарската комора биле тестирани и се покажале негативни на Ковид-19, со низок ризик. На вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нов кластер на заразени со коронавирусот може да биде свадба од стотина гости која се одржала на крајот од мај.

„Една детална анализа за потенцијален нов кластер, тоа што знаеме досега, е само од една свадба која броела сто луѓе во домашни услови, во период кога е тоа забрането на крајот на мај. Сега тука имаме за жал, позитивни, заразени. Овие денови интензивно ќе се прават анкетите на гостите“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.

Во Комората е направена комплетна дезинфекција, иако тие не доаѓале на работа.

Неофицијално, тие правеле свадба на 31 мај, на која имало 100-тина гости. Според досегашните сознанија од ЦЈЗ покрај младоженците позитивни на Коронавирус се уште четворица од потесното семејство.

Епидемилошките анкети се прават и не се знае колку вкупно контакти ќе има за самоизолација, но според бројот на гостите, очигледно е дека ќе има многу луѓе во самоизолација.