Двајца пратеници со коронавирус се дојдени денеска во Собранието за да гласаат. На едната пратеничка вчера ѝ завршила изолацијата. Покрај нив, ќе присуствува и пратеник кој бил со скршеница, соопшти денеска на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.
Тој рече дека присуството на пратениците кои се болни од ковид-19 е според сите протоколи. Тие нема да бидат присутни во салата со сите пратеници туку со посебен лифт и по ходниците ќе бидат спроведени во кабини од каде ќе гласаат и потоа по истиот протокол ќе си заминат.
Митрески рече токму поради ова пред неколку месеци побарале да се одржат онлајн седници кој предлог опозицијата не го прифатила, според него, за да ја доведе државата во ваква состојба, да ги блокира законите кои треба да обезбедат пари за граѓаните како помош за последиците по економијата кои произлегоа од кризата со коронавирусот.
– Парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги и пратениците позитивни на ковид-19, за кои е обезбеден посебен протокол, денеска ќе ги изгласаат пакет мерките за помош на граѓаните. Наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денеска владејачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните. Една милијарда деветстотини и дваесет милиони денари поддршка за плати за февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните на голема жал на опозицијата. Помошта ја обезбедивме, сега ќе ја испорачаме. На денешната седница ќе ги усвоимие законите кои обезбедуваат финаниска помош за илјадници грааѓни и компании кои, закони ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги блокираа – најави Митрески и потенцира дена нема да дозволат уцени.