Ноќта кон саботата, околу 01.00 часот по полноќ на подрачјето на Бит пазар од полициски службеници од Полициската станица Бит пазар биле лишени од слобода А.Б. на 23 и И.Б. на 21 година, двајцата од Скопје.
Тие се осомничени дека ден претходно на булеварот „Крсте Мисирков“ извршиле кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило „шкода“ со турски национални ознаки, сопственост на 55-годишниот А.К. државјанин на Турција. и од возилото одзеле предмети.
Со пријавените бил извршен службен разговор, а пронајдени биле предметите кои биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе следи соодветен поднесок.