Двајца скопјани приведени за пренесување девет илегални мигранти од Куба

Во неделата околу 18 часот во Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ извршиле контрола во две такси возила „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувани од Д.К. и И.М., двајцата од Скопје, како и во еден објект во Гевгелија, при што пронашле девет лица од Куба кои илегално влегле на територијата на Македонија.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави