Двајца советници во општина Аеродром го напуштија СДСМ

Бродот кај СДСМ очигледно продолжува да тоне од ден за ден

Две години по локалните избори, расположението на силите во Советот на најголемата скопска општина Аеродром, е целосно променет, дознава порталот „Курир“, повикувајќи се на сопствени извори, пренесува НетПрес.

По завршувањето на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ имаше 14 советници, СДСМ 8, а Левица 5.

Две години подоцна, двајца советници ја напуштија советничката група на СДСМ и сега гласаат со поддршка за клучните проекти кои значат развој на Општина Аеродром. СДСМ во овој момент во Аеродром има само еден советник повеќе од Левица. Бродот кај СДСМ очигледно продолжува да тоне од ден за ден, пишува Курир.