Двајца убиени и седум ранети во пукање во Тексас

Две лица загинале, а седум се повредени во пукање од автомобил за време на снимање на видео спот во Хјустон во американската сојузна држава Тексас, соопштија во неделата локалните власти.

„Девет лица се погодени од огнено оружје од кои едното е во критична состојба, а две загинаа на лице место“, објави шерифот Ед Гонзалес на Twitter.

Во нападот кој се случил во станбен блок во Хјустон, убиени се двајца млади мажи, на 20 и 22-годишна возраст.