Двајца жители на кичевско Колари се хоспитализирани, од кои едниот со потешки повреди, откако се судриле со своите автомобили кај Зајас.
Сообраќајнате незгода се случила околу 19 часот во кичевското село Зајас, на место викано Туфковско маало, кога се судриле автомобил „хјундаи галопер“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Ш.В. од блиското село Колари и автомобил „сеат ибица“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од неговиот соселенц 41-годишниот Е.Е., информира МВР.
По незгодата, двајцата возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде што на Е.Е. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.