Двајца возачи и малолетно лице се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 23.10 часот на крстосницата од улиците „Коце Металец“, „Тајмишка“, „Гемиџиска“ и „Ферид Бајрам“.
МВР информира дека во незгодата учествувале автомобил „цитроен“, управуван од М.Т.(50) од с.Волково, скопско и „ауди“, управувано од М.Л.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., додека со повреди се здобиле М.Л. и малолетен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.